„Шарените“ од Белград уништија зграда под заштита изградена 1881 година

Стариот дворец што го уништија српските „шарени“ е зграда под заштита, изградена во 1881 година, а салонот е од 19 век со оригинален мебел и штетата е непоправлива. Според привичните проценки штетата изнесува стотина илјади евра.

Божа Спасиќ, поранешен шеф на Службата за државна безбедност за „Курир.рс“ изјави:

– Имавме информации, нашата држава и секторот за безбедност, дека тоа ќе биде планот веќе пред три дена. За да го измамат тој план дека ќе ја нападнат оваа прекрасна зграда, барањето за повторување на изборите во Белград го проширија на сите избори, па не се знаеше што ќе нападнат. Така, планот бил да се нападне Собранието на град Белград, а подоцна да се нападне и Собранието на Србија преку улица. Она што се случи претставува директен напад на уставниот поредок на државата, па едноставно тоа се работи кои всушност многу ги загрижуваат нашите граѓани, бидејќи насилното влегување во такви објекти е нарушување на уставниот поредок на државата – рече Спасиќ.