СКАНДАЛ на скопска Гинекологија: Акушерка пресекла прст на новороденче

Според извори на Курир, на новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во клиниката.

 

Ужасен настан пред околу 10 дена се случил на скопската клиника за гинекологија и акушерство, дознава КУРИР.

Според извори на Курир, на новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во клиниката.

КУРИР побара одговори од клиниката, од каде го потвдруваат овој немил настан и откриваат детали за истиот.

-На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата, велат од ГАК за КУРИР.

Акушерката беше суспендирана.

Како што информираат од клиниката, таа била дадена на Дисциплинска комисија.

-Ѝ беше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, велат од ГАК за КУРИР.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.