СДСМ бара оставка од Мизрахи затоа што ги посочи одговорните за скандалот „Онкологија“

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи која покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните, велат од СДСМ.

Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.

Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија.

Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.