Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници, без кои не може да фукционира градскиот превоз, колку и тоа да го порекнува градоначалничката Данела Арсовска. Всушност, таа го порекнуваше и милионскиот долг кон приватните превозници, за да на крај испадне дека ЈСП навистина им ги должи тие пари, објави „Нетпрес“.

После долги превирања, јавни препукувања, ароганции, протести, хаос во градскиот сообраќај, долгот сепак е исплатен, но, тоа што остана недокажано е: што со казнетите камати за долгот кои беа дел од тужбата на „Слобода превоз“?

Веројатно и очекувано, Основниот суд Скопје вчера донесе одлука дека ЈСП треба да му исплати на „Слобода превоз“ камати за долгот од 61.812.596 денари (за период од 15.9. 2022 до 18.5.2023 година). Значи, освен што од градската каса им беше исплатен милионскиот долг, во недоличен процес на јавни препукувања, сега Градот ќе треба да плаќа и камати, наместо да не негираше дека постои долг и да го

исплати тоа што го должи пред приватните превозници да поднесат тужба.

Во судскиот процес, тужбата за исплата на главниот долг е повлечена, бидејќи во меѓувреме ЈСП целосно го исплаќа долгот, но сепак, казнените камати останале.

поред пресудата, ЈСП се задолжува на „Слобода превоз“ да му плати законска казнена камата во висина од референтната стапка на НБМ и тоа:
„На платен износ од 82.146 сметано од 15.9.2022 до 28.2. 2023
На платен износ од 9.931.718 денари сметано од 15.9 2022 до 17.3.2023
На платен износ од 411.367 (од 15.9.2022 до 22.3.2023)
На платен износ од 589.487 9 (од 15.10 2022 до 22.3.2023)
На платен износ од18.696.842 (од 15.10.2022 до 22.3.2023)
На платен износ од 968.707 (од 15.10 2022 до 18.5.2023)
На платен износ од25.132.329 ( од15.11.2022 до 18.5.2023)“.

Исто така, „ЈСП се задолжува да му плати на Слобода превоз 7.200 денари како надоместок при доцнење на исполнување на парична обврска и да му ги надомести трошоците во постапката од 272.093 денари“.