ПРЕВЕДУВАЧКАТА ИЗГУБЕНА ВО ПРЕВОДОТ: Политички линч, шовинистички проекти и многу лаги!

Бурна недела за школуваната преведувачка по англиски јазик Бисера Костадиновска-Стојчевска, која во моментов ја има функцијата Министер за култура. Оваа незнајна фигура помеѓу културните работници во земјава изминатата недела успеа да се испокара и со музичарите и со филмаџиите и јавно да признае дека да се биде партиски послушник е главната референца ако сакате да водите јавна институцика во земјава, пишува порталот ЛИДЕР.

Во четвртокот, Бисера ја имаше погодено „ретрограден меркур“, па откако утрински јавно призна дека инквизиторски ја разрешила директорката на Филхармонија затоа што ја изнајмила една од салите на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, попладнето успеа да се испокара со филмските работници кои ги стави во незавидна положба затоа што не им ги исплаќа парите кои им следуваат.

Сепак, во однос на проектите кои имаат етнички албански предзнак и фестивалите на кои се пеат песни за голема Албанија, се оди како подмачкано и Стојчевска нема никакви забелешки.

Тина Иванова разрешена затоа што застанала зад своите вработени

Доскорашната вработена на „Филхармонија“, беше разрешена од страна на министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска, затоа што застана зад вработените кои се продивеа на идеата во нивната институција да се вгнезди Џез Оркестарот. На сите им е јасно зошто беше разрешена Тина Иванова, единствено затоа што имаше професионален интегритет.

Бисера сакаше да биде вешта и мислејќи дека конечно нашла релевантна причина за разрешување, успеа да направи класична политичка дискриминација. Имено, во четвртокот кажа дека директорката е разрешена само затоа што на унијата на жени на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ им ја изнајмила една од салите во Филхармонија. Нормално, нанесувајќи на одредени тврдења, директно беше фатена како лаже!

Иванова врати, објавувајќи ги сите 20 лаги на министерката.

– Лага 3 е кога тврди дека не сум разрешена затоа што како директорка сум застанала зад своите вработени. Не, не, сите знаат, и врапчињата да ги прашате ќе и кажат дека сум разрешена само затоа што не застанав зад нејзината штетна одлука и дека како моја примарна должност застанав зад колективот да го заштитам од нејзините алхемии.

Лага 4 е нејзиното тврдење дека институцијата издавала простор надвор од за тоа утврдените правилници и без дозволи и одлуки на Управниот одбор.

Лага 5 е дека за време на собирот на жени на политичка партија надворешни лица користеле технички средства на институцијата.

Лага 6 е дека на конкретниот настан на конкретната политичка партија обезбедувањето не било организирано во согласност со предметниот правилник.

Лага 7 е дека за овој настан директорката и ОУ дале две различни изјави во смисла дали настанот ќе се одржел или не, како да случувањата во објектот се болви кои можат да се скријат во душек.

Лага 8 е дека надворешни лица управувале со техниката на институцијата, конкретно и за споменуваниот партиски настан, за кој со техниката управуваа исклучиво стручните професионални лица вработени во филхармонијата и нивниот прекувремен труд. Како и за другиот потребен персонал, е вграден соодветен правилник, односно, отсекогаш било така, домаќински, услугите за надворешни субјекти да не се на товар на институцијата туку на товар на барателите на услугите, напиша поранешната директорка на Филхармонија Тина Иванова.

Целиот текст прочитајте го на ЛИДЕР