„Дали Артан Груби најде начин да заработи и кога ќе биде во опозиција?“

Во овој филм, како да не е доволен фактот што Артан Груби ја злоупотребува својата улога за да го персонализира успехот, како да не е доволен фактот што има конфликт на интереси среде проектот, со оглед на тоа што компаниите ЕУРОВИА и АК ИНВЕСТ се главните и најголемите донатори на ДУИ, дури и го злоупотребува присуството на амбасадорот за да прикрие вакви корупциски скандали.

Пратеникот од партијата БЕСА, Фадил Зендели денеска преку соопштение, позади кое застанаа и партиите Алтернатива и Демократско движење, го обвини вицепремиерот Артан Груби и ДУИ дека ја злоупотребуваат својата моќ, произведувајќи и прикривајќи нови корупциски скандали, само за да имаат корист од секоја страна.

Според него, народот чека одговори за ваквите случувања.

Дали Артан Груби и кажал на американската амбасадорка Анџела Агелер дека го злоупотребува нејзиното присуство за да покрива нови скандали со партиски донатори на ДУИ? Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“? Колку од тие средства ќе се слеат на сметката на ДУИ, а колку во џебовите на некои клиентелисти инсталирани околу Али Ахмети?

Дали Артан Груби најде начин да заработи одредба и кога ќе биде во опозиција? Зошто Артан Груби одговорноста за личните гревови ја фрла врз американско-турската компанија „Бехтел и Енка“?, кажа Зендели во однос на почетокот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д, додавајќи дека ДУИ е дојдена до фаза кога веќе го злоупотребува стратешкото партнерство со САД за лични интереси на овој субјект и неговите функционери.