ВМРО-ДПМНЕ: Намалувањето на казните е потврда дека власта е криминална и се плаши од одговорност и затвор
Намалувањето на казните е потврда дека власта е криминална и се плаши од одговорност и затвор, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС и ДУИ 6 години прават криминал, стотици милиони се потрошија на матни тендери, стотици милиони се поделија за договори во 4 очи на фирми блиски до власта, и сега кога се свесни дека паѓаат и дека ќе треба да одговараат го менуваат законот и ги намалуваат казните. Нема поголемо признание за криминалот на СДС и ДУИ од намалувањето на казните за кривичните дела кои можат да бидат сторени од функционери, велат од партијата.
„СДС и ДУИ го сменија законот со помош на Левица, кои со лажниот патриотизам и лицемерие ја замајуваат јавноста, а кога треба да се спротистават никаде ги нема, како и во случајов кога не гласаа против.
И СДС и ДУИ и Левица треба да знаат дека одговорност ќе има и ќе одговараат за сите криминали и порази кои ги нанесоа на Македонија“ – се истакнува во партиското соопштение.