Историската комисија пред договор за Охридска архиепископија, Бугарите барале да се нагласи нејзиното потекло
Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања е пред договор за прашањето околу Охридската архиепископија, што е забелешка на бугарската страна за учебниците по историја за основно образование. Копретседавачот на Комисијата, Драги Георгиев, очекува историчарите на двете страни да се договорат на следната или понаредната средба.
Како што рече Георгиев, бугарската страна инсистирала да се нагласи потеклото на Охридска архиепископија, додека македонските историчариле инстистирале на нејзино претставување како суштински дел од културниот развој на Македонија.
Прашањето околу кое дискутираме е како да се претстави таа институција во рамки на учебниците. Наше е да ја нагласиме нејзината улога во културниот развој. Остануваат разлики околу тоа кое е наследството на таа институција, тука ставиме јасно до знаење дека важноста на оваа институција за нас е културно историско, а не да бараме политички моменти, тука сме прилично блиско да го оставиме на страна тоа – рече Георгиев за Топ тема на Телма.