ВМРО-ДПМНЕ: По фрлената лопата на ДУИ и СДС за фабрика за електрични автомобили, помина една година, а има само празна нива
Помина скоро една цела година по фрлената лопата на ДУИ и СДС, за божемна инвестиција за фабрика за производство на електрични автомобили, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски и неговиот стопан Ахмети, треба да одговорат, каде е ветената фабрика за спас на Тетово, каде се ветените 890 работници и каде се ветените еколошки автомобили?
Дали и колку ја чини Македонија овој скап пи ар, ако учеството во инвестицијата, државната помош била договорена на 45 милиони евра?
Дали државата исплатила дел од 45 милиони евра кон фирмата блиска до ДУИ? Дали и ова ќе заврши само како метод за испумпување на пари, а инвестициите воопшто да ги снема?“, прашуваат од опозициската партија.
Додаваат дека криминалната коалиција на ДУИ и СДС, е одамна прочитана од страна на граѓаните, кои едвај чекаат на следните избори да го кажат својот збор.