ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Уставниот суд од јули 2022 против 60 часовната работна недела е основа за кривичен прогон на Груби и Ковачевски
Груби и Ковачевски го кријат договорот за изградбата на коридорите, затоа што тој договор ќе ја покаже целата нивна неодговорност како власт кон народните пари. Ова криминално дуо прифатило договор по непостоечки закони и прифатило обврски дека тие закони ќе ги измени, а доколку тоа не се случи во одреден рок тогаш тоа веднаш повлекува исплата 53 милиони евра буџетски средства како дополнителни трошоци, што би рекла Владата како ублажена форма на пенали.
Обврската која ја презеле во име на Собранието е да го изменат законот за работни односи и да дозволат 60 часовна работна недела. Патем Уставниот суд ваквото нешто го прогласил за неуставно со одлука од јули 2022 година. Токму таа одлука на Уставниот суд е основа за кривичен прогон на Артан Груби, Димитар Ковачевски и осстанатите кои 8 месеци подоцна склучиле штетен договор кој значи дополнителни трошоци, или казнени пенали од вкупна вредност околу 200 милиони евра во времетраењето на изградбата на коридорите.
Освен тоа самата изјава на Груби дека ако не сакаат наши работници ќе бидат донесени странци да работат 60 часа, не само што значи навреда на сопствените граѓани, значи и непочитување на одлука на Уставниот суд, што само по себе е дело за санкционирање.
Крими тандемот Ковачевски-Груби е до гуша во кал. Затоа се нервозни, затоа се препелкаат, затоа бегаат од одговори и затоа го кријат договорот. Не може да има вакви тајни договори кога се работи за народни пари.
Ковачевски и Груби дебело загазија и за ова дебело ќе одговараат.