Бугарите не само што бараат да смениме УСТАВ, ТУКУ БИЛЕ СПРЕМНИ ДА „РАЗГОВАРААТ“ ЗА ИЗМЕНИТЕ
Освен што бара да направиме уставни измени, Бугарија изрази желба и разговара за уставните измени што би се направиле.
Ова може да се заклучи од изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков кој покрај темата за Уставот коментираше и за премачкувањето со боја на таблата на сега веќе поранешниот бугарски клуб „Иван Михајлов“ во Битола.
-Очигледно атмосферата таму дозволува тоа да се случи и има елементи на неказнивост кои фаворизираат такви постапки. Како што дознаваме, се разговара за варијанти на идните текстови кои би биле промена на Уставот. Ние би сакале да бидеме дел од овој процес за да се одвива непречено и би сакале да се консултираме со нив за овие прашања. Во оваа смисла, вчера имав краток разговор со министерот Бујар Османи и се надевам дека ќе одговорат, рече тој.
Според него има претстојни контакти и со тоа напори за да се намали тензијата, без да им се наштети на правата на Бугарите во Македонија.
– Така што овој дијалог треба да продолжи се додека постои волја од нивна страна. Повторно подаваме рака. Подготвени сме да разговараме за промените што ги прават, рекол бугарскиот министер, коментирајќи ги и евентуалните претстојни промени на македонскиот Устав.
Во меѓувреме, беше објавено дека извесен Стефан Ѓорѓиевски со црн спреј го покрил името на таблата „Иван Михајлов“ на објектот во Битола.
Покрај тоа, бугарската БТВ објави фотографии од безбедносните камери на објектот на кои се гледа како Ѓорѓиевски со спреј го покрива името.