Месут Ханзер цело време ја држел за раката на својата мртва ќерка додека спасувачите го извлекувале телото и само повторувал „Господ да те помилува. Немам живот без тебе. Во мене нема живот, тој замина со тебе!“
Фотографијата која се пренесува на социјалните мрежи на која се гледа како татко ја држи за рака својата мртва ќерка закопана во урнатините, ги рстажи и разгневи луѓето ширум светот.
Уште пострашно е тоа што таткото Месут Ханчер ја тешел и охрабрувал својата петнаесетгодишна ќерка Ирмак на смртната постела, молејќи ја да се одржи и да не губи надеж бидејќи помошта е близу.
Колку бил храбар тој татко и каква неверојатна сила има да ја држи ќерката за рака знаејќи дека и нема спас.