Лимани: ВЛАСТА НЕМА МНОЗИНСТВО, ДУИ не контролира 6 пратеници од „огнените“
Состојбата со владејачкото мнозинство е кревко и тоа е затоа што власта ги нема потребните бројки на пратеници. Нема двајца… Кастриот Реџепи, Зејди, Коџаџику, Изети. Има уште двајца пратеници кои не излегуваат, не се појавуваат, вели потпретседателот на БЕСА и поранешен член на ДУИ, Фатмир Лимани.
Според него „Огнената група“ од ДУИ контролира шест пратеници во актуелниот собраниски состав.
– Ги знаеме, но нема да бидат дел од разговорот вечерва и не е коректно да ги спомнуваме, изјави Лимани во синоќешната емисија на „Клан Македонија“.