Герила акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ: „Власта го предаде Делчев, народот не го дава“

Герила акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во која порачуваат дека „Власта го предаде Делчев, народот не го дава“.

Ова доаѓа во пресрет на тензичното одбележување на 4 февруари роденденот на Гоце Делчев каде се најавени делегации од Бугарија кои треба да се поклонат на гробот на народниот херој.

За ВМРО-ДПМНЕ оваа акција е реакција на предаствата на власта и дозволувањето на бугаризација на историјата и националниот идентитет.