Нападот врз медиумите на Али и неговиот слуга Ковачевски е доказ за одлепување од граѓаните и најдобра анкета дека ќе бидат казнети од народот
Автократија на дело, Али Ахмети наредува, а неговиот слуга Димитар Ковачевски исполнува. Ковачевски по директна наредба на Ахмети започна отворена војна со медиуми во Македонија, заради тоа што истите ја објавуваат вистинската слика во државата и јавно говорат за целиот криминал и корупција во власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Токму ваквиот директен напад со етикетирање на медиуми од страна на Али и Ковачевски е доказ за автократијата во државата.
Ваквите напади од страна на власта кон медиумите изминатиот период се честа појава. Обезбедувањето на пиунот Ковачевски се закануваше на новинар, пред само неколку дена новинари беа спречени да известуваат и постават прашања на автократот Ковачевски, на новинарите им се ограничува правото за поставување на прашање на владините функционери.
Својата целосна неспособност ја заменуваат со автократија и напад кон седмата сила – медиумите.
Криминалците од СДС и ДУИ исплашени од се помалата доверба на граѓаните, удрија кон медиумите и медиумските работници, заради тоа што тие ги објавуваа нивните скандали, криминали, како и за катастрофалната состојба во економијата, здравството, образованието…
Последната фаза на одлепувањето на политичарите од граѓаните е конфронтацијата со слободните медиуми. Ова е порелевантен доказ од сите анкети дека СДС и Таче ќе бидат казнети од народот на следните избори
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува директните напади кон медиумите и медиумските работници. Бараме да запре притисокот од оваа автократска власт на Ковачевски и Ахмети кон медиумите, за истите да можат професионалнo и транспаретно да си ја вршат својата работа, стои во партиското соопштение.