ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Ковачевски државата ја претворија во мексикански картел, криминалци слободно се пресметуваат со полицијата и никој не одговара
Спасовски и Ковачевски државата ја претворија во мексикански картел, криминалци слободно се пресметуваат со полицијата и никој не одговара, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Спасовски и Ковачевски ја деградираа МВР. Бегството на затвореник, осуден на долгогодишна казна затвор заради убиство, кој притоа ранил полицаец, а Спасовски уште не го пронашол е доказ дека МВР е обезглавена. МВР со Спасовски е до толку понижена што бегството се случило во сред Скопје, каде има голем број полициски службеници, станици и оперативци. По кражбата на оружје од полициско депо за кое не се знае сторителот, по кражбите на неколку тони марихуана кои се неразјаснети, по дојавите за бомби кои не можат да ги лоцираат, сега и бегство на затвореници осудени за убиство, се јавува сомнеж дека со Спасовски и Ковачевски на чело МВР намерно го штити криминалот. Нема друго разумно образложениe за криминалот кој дивее, а не се санкционира, освен дека е под патронат на МВР. Ако заменик министерот Буши е зафатен со спиење по хотели каде ноќевање е 20.000 евра, тогаш што прави Спасовски, па не може да делува? Прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Спасовски и Ковачевски секој ден го нарушуваат угледот на државата, а безбедноста од ден во ден е се по нагризена. Затоа потребни се промени и нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја врати сигурноста кај граѓаните дека МВР е за нивна заштита и безбедноста во државата, додаваат од опозициската партија.