93 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 93 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, три мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.