127 санкционирани возачи во Скопје, 17 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, две мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, пишува во соопштението на МВР.

Постави одговор

Your email address will not be published.