Стоилковски: Данела Арсовска среде кризи бара 11 милиони денари за пресови и рекламирање

11 милиони денари бара Данела Арсовска, внимавајте, за прес конференции и приватна продукција за медиумски активности, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е таа предлог програма поднесена од Секторот за поддршка на градоначалникот за 2023-та година за активности на Град Скопје. Со овие пари, смета Данела Арсовска ќе и се подобрела транспарентноста! Данела Арсовска, како и нејзиниот секретар, коишто бегаа од новинари и од одговори за сиот хаос, сега бараат 11 милиони денари за организирање на прес конференции и промо видеа, а според предлог програмата од Данела Арсовска, за милион денари ќе правеле и информативно гласило, а после ќе го закачеле на страницата на интернет и ќе го споделеле на фејсбук! Арсовска бара 11 милиони денари за да периодично истражува приоритети за јавните претпријатија, ама и за Развој на креативен концепт и стратегија за комуникација со граѓаните! За јавните претпријатија како ЈСП кои што тонат во долгови! Данела Арсовска бара 11 милиони од буџетот за, цитирам „преку копродукција се изработуваат видео и аудио материјали во форма на кратки едукативни и информативни видеа”! Еве што е наведено за овие 11 милиони во оваа предлог програма: организирање на медиумски настани и прес конференции, објавување информации на веб порталот и социјалните мрежи, организирање на важни датуми, активности, Отворен Град 24, вели Стоилковски.

Тој додава дека е почитувани, во Град Скопје има Сектор за поддршка на градоначалникот со одделение, за односи со јавност и комуникација со граѓаните. Таму има раководител и осум вработени значи делот со информации, прес конференции, информирање и анализи е покриен!

-Ако веќе има деветмина вработени на плата, зошто за истата работа, би се давало речиси еден милион месечно на приватна продукција или фирма? Единствено што посакува Данела Арсовска е 11 милиони за приватна продукција да и снима спотчиња, чиста пропаганда! А, за што да снимаат спотови? За Скопје што празнично изгледа како Кабул под Талибанците, за долгот од милион ипол евра за превозниците, за сообраќајниот хаос, хаосот со бездомните животни или еколошката бомба? Само за потсетување, пред само три месеци, под притисок на јавноста, на Данела Арсовска и беше раскинат договор од над 90 илјади евра за истата намера, за промоции и кампањи, рекламирања и прес конференции, вели Стоилковски.

Постави одговор

Your email address will not be published.