НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ УТРОВО – во три града испразнети училиштата!
Утрово на службените мејлови на училиштата „Никола Карев“ и „Орце Николов“ во Скопје, биле испратени закани за поставени бомби.
Исто така утрово испратени се и мејлови во училишта низ Битола дека во нивното училиште се поставени експлозивни направи.
Според информации на ТВ21, дојава за бомба има во Основното училиште „Лирија“ во Тетово.
Заканите веднаш се пријавени во МВР и во тек е евакуација на учениците, наставниците и останатите вработени во училиштата.
Инаку од МВР се очекува наскоро да излезат со детали за настанот.