Николоски: Владата намерно пристапува кон судски процеси за концесиите за рудници, за оштетата да ја делат сопствениците на концесиите и владини претставници
Поразите се слават како победи и тоа е карактеристика на оваа влада кога бројни државни победи се слават како победи, на пример промена на име секаде во светот е понижување, а во Македонија владата го слави како победа, или договорот со Бугарија во кој се негира македонскиот јазик или идентитет секаде во светот би бил пораз, во Македонија се слави како победа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Николоски смета дека владата наместо да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за тоа што треба да плати над 25 милиони евра на „Хеленик петролеум“ за оштета, одговорност да бара во нивниот коалициски партнер Љупчо Георгиевски кој го потпишал тој штетен договор.
Тој кој што го склучи и потпиша овој договор сега е коалиционен партнер и со негов пратеник помеѓу другото и вицепремиерот Битиќи е избран затоа што се во коалиција со Љупчо Георгиевски, затоа што е коалиционен партнер на СДСМ долги години. И мислам дека таму треба да се насочат прашањата зошто потпишувал такви договори. Она што исто така е спорно е што јавноста долги години е убедувана дека со Грција има идеални односи откако СДСМ е на власт. Но, не гледам дека тие идеални односи се користат за „Хеленик петролеум“ да се откажат од овие барања и треба да знае јавноста дека тоа е доминанта државна фирма, не се работи за приватна фирма, туку напротив „Хеленик петролеум“ оди на суд и ја тужи државата, изјави тој.
Николоски потенцираше дека од информациите кои кружат во јавноста ова не е единствен судски процес во кој државата ќе треба да плаќа оштета, посочувајќи дека има и други судски процеси поврзани со рудниците за кои владата на СДСМ не дозволи да се отворат, укажувајќи дека намерно се водат процесите на овој начин се со цел да се испумпуваат парите на граѓаните за да на крај бидат поделени помеѓу сопствениците на концесиите и владини претставници.
Понатаму, уште една работа која циркулира низ јавноста и низ добро упатени кругови е во однос на овие арбитражи. Имено сакам и една провокација да направам покрај овој судски процес кој што го има Македонија има уште неколку други судски процеси поврзани со рудниците кои требаше да се отворат, а владата не дозволи да се отворат. Таму се работи за многу поголеми суми од ова што го зборуваме сега за оштета за „Хеленик петролеум“, и она што кружи во јавноста е дека намерно се пристапува кон судски процеси и намерно на овој начин се водат процесите се со цел таа оштета која што треба да ја плаќаат сите граѓани на Македонија да биде поделена помеѓу различни структури на сопственици на тие концесии и на владини претставници, рече Николоски.