Мисајловски: Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите во Општините, да ги слушнат граѓаните и да разговараат за сите идеи, проекти и така да ги направат своите буџети
Благодарам за присуството, денеска сум тука во Општина Илинден, каде што еве во канцелариите во Општината доаѓаат доста странки и разговараат за нивните идеи и нивните предлози.
ВМРО-ДПМНЕ, но и нашите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите во Општините, да ги слушнат граѓаните и да разговараат за сите идеи, за сите проекти и така да ги направат своите буџети.
Еве денеска присуствувам тука, и навистина задоволство ми е повеќе луѓе да доаѓаат, да даваат различни изјави, да даваат различни коментари, проекти и идеи. И сето тоа да го склопат како една нова програма за следната година.
Се разбира има различни барања, дали се дел од инфраструктурата, дел од образованието, некои лични проблеми, но тоа е добро бидејќи можеме да видиме дека граѓаните се задоволни што се тука и што можат да го кажат своето мислење. И на крајот испаѓа дека нивна е идејата односно она што постојано ние го говориме веќе изминативе недели, твоја идеја е да стане реалност, а таа идеја е навистина добро да се најде следната година во Буџети.
Одлична акција и се надевам дека вака ќе продолжи и следните години каде што граѓаните ќе си го прават својот граѓански буџет. И еве денеска навистина сме задоволни тука во Општина Илинден каде што градоначалникот навистина внимателно со сите свои раководители, со сите свои тука луѓе од неговиот тим ги разгледуваат сите идеи. И навистина мислам дека тука во Илинден посебно ќе има една убава програма која што ќе биде за сите жители.