Ковачевски: На следна седница на Влада ќе барам поништување на државјанството на Онишченко

Премиерот Ковачевски на следната владина седница ќе побара да се почне постапка за поништување на државјанството на Олександар Онишченко.

  • На наредната Влада јас ќе побарам статус во однос на активностите што треба да ги преземат институциите со цел поништување на државјанството издадено од страна на нашата држава и исто така ќе следуваат и одредени други активности во наредниот период, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.
  • Ниту еден човек без разлика чиј син е не може да биде санкциониран различно од кој било друг граѓанин во држата, така што и министерот кажа дека се работело за приватно возило коешто го управувало одредено лице и кое ќе биде третирано согласно одредбите на Законот за сообраќај, рече Ковачевски, на прес-конференцијата во Владата.