ВМРО-ДПМНЕ: СДС не бараат оставка од Арсовска зошто лепакот на Тачела коалицијата е криминалот и тендерите

На СДС побитни им се криминалот и тендерите во 4 очи, отколку Скопје и скопјани и затоа не бараат оставка од Данела Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку СДС сакаат решавање на проблемот со блокадите и хаосот во Скопје, ќе побараа оставка од Арсовска, ќе и ги одземеа ингеренциите и ќе го подмиреа долгот кон приватните превозници.

Ама на СДС и Ковачевски не им е гајле за приватните превозници кои со месеци не добиле пари и како тие ги прехрануваат своите фамилии.

Јасно е дека СДС не сакаат решение на проблемите, решавање на хаосот со блокадите во Скопје, бидејќи се креатори на овој хаос преку монструозната коалиција помеѓу Данела Арсовска и Димитар Ковачевски.

Лепакот на коалицијата Тачела, се криминалните тендери, провизии и пљачкањето на скопјани.

Неколку дена молк од СДС, Ковачевски и Арсовска, дали се договорени со бугарска компанија да го превземе приватниот градски превоз, и дали автобусите веќе се стасани и се кријат во близина на главниот град.

Нема ни збор за штетниот договор за набавка на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие од пратеник од власта, во која не е вклучен попустот, и се врши проневера од неколку стотици илјади евра.

Целото безредие во Градот Скопје е дело на Данела Арсовска, СДС, Левица и ДУИ кои се во неформална коалиција. За секој штетен договор, за секој криминал од оваа крими коалиција Тачела ќе има ревизија, стои во партиското соопштение.

Постави одговор

Your email address will not be published.