ВМРО-ДПМНЕ: СДС да побара оставка од Арсовска ако имаат принципи, во спротивно ќе ја потврдат тендер провизиската коалиција Тачела
Одговорни за хаосот во Скопје се партнерите од коалицијата Тачела. Всушност оваа коалиција стои зад кадрите на СДС дополнети со ликови од ДУИ, ГРОМ и Левица кои ги водат јавните претпријатија кон пропаст, а со тоа и Градот кон колапс. Оваа коалиција не ја врзуваат ниту програма, ниту принципи, туку ја врзуваат бизнис интересите, тендерите и дебелите директорки плати. Ниту интересите на градот Скопје, ниту интересите на граѓаните не им се битни, само пусти пари и провизии, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Впрочем, ако СДС навистина сметаат дека Данела Арсовска лошо го менаџира Градот Скопје зошто не побараат оставка од неа? Зошто ГРОМ, Левица и ДУИ молчат и полнат директорски џебови дури градот е во хаос? Ги повикуваме СДС ако имаат храброст и принципи да побараат оставка од Арсовска? Во спротивно молкот е потврда дека Тачела коалицијата е голема колку и меракот за матни тендери, пари и провизии на нејзините сегменти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.