Џамбаски пак провоцира: ВРЕМЕ Е ДА СЕ УРНЕ МАКЕДОНИЗМОТ
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и натаму не запира со негирање на македонскиот народ и провокациите. По повод настаните околу отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, тој пишува дека е време да се урне македонизмот.
„За последен пат, Цар Борис III обединител е симбол на ослободувањето и единството на Бугарите, напиша тој.
„Ова господине Османи не е провокација, туку факт. Годините на лаги и пропаганда на Коминтерната не можат да ја променат историјата. И тоа покажува дека бугарските чети биле пречекани како ослободители со цвеќиња и бугарски песни. Иван Михаилов, кој го мразат сите Македонци, вели: ‘Кога во 1941 година се отворија бугарските училишта во Македонија, никаде немаше бунт и не се бараа други училишта’.
Крајно време е политичарите крај Вардар да сфатат дека нивниот страв од колапс на лагата не ја оправдува омразата и репресијата кон Бугарите. Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот“, напиша Џамбаски.