Вице Заев управител во фирмата на татко му Панче за производство на електрична енергија

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, стана управител на новоформирана компанија за производство на електрична енергија регистрирана изминатиот период – Солар Грин Енерџи, пренесува „Фактор“.

Претпријатието е со адреса на улица Гоце Делчев во Струмица, а сопственик е Панче Заев, таткото на Вице Заев и на поранешниот премиер. Паричниот влог е 5.000 евра, а дејноста е „производство на електрична енергија“.

Не е познато кои извори за производство на електрична енергија ќе ги користат таткото и братот на Зоран Заев.

Поранешниот премиер досега единствено има потврдено дека Тотал Енерџи, фирмата чиј сопственик е неговиот 18-годишен син Душко Заев ќе продава струја произведена од фотонапонски панели.