ТРАГЕДИЈА: Ученик од Корчагин си го одзеде животот – Ги земал оцените и си пресудил!

Мимоза Ристова, професор на Институтот за физика, ги повика надлежните да преземат мерки и да им помогнат на учениците, од кои многумина се соочуваат со психолошки трауми.

„ЕДЕН УЧЕНИК ОД ГИМНАЗИЈА КОРЧАГИН СИ ГО ОДЗЕМА ЖИВОТОТ – ТАГА НЕВИДЕНА (ги земал оценките и си пресудил)

1. МОН и Образовен инспектор веднаш да преземе вонреден инспекциски надзор (ама сериозен). Да ги анкетира учениците и да го лоцира проблемот (со помош на експерти по психологија). Постојат професори кои им прават булинг и мобинг на учениците, им ја разнишуваат самодовербата и ги носат во очај и смрт. Во сите гимназии има вакви гадни ликови кои треба да се отстранат, Во нашава држава ученици и родители се плашат да пријавуваат, зашто знаат дека никој ништо нема да преземе за да ги заштити, туку напротив, ги чека освета од гадот/гадурата кој/која на нив лечи лични фрустрации.

2. Анкетирањето да се спроведе по другите гимназии за да се лоцира потенцијалниот причинител на ученичка смрт, за да се превенира.

3. Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата.

Оваа жална вест нека ги покрене механизмите, ако постои некаква држава наместо мафијашка усмрдена баруштина.

Моето најдлабоко сочувство до родителите“, пишува професорката Мимоза Ристова во објавата, која предизвика лавина од реакции и коментари.

Постави одговор

Your email address will not be published.