ВМРО-ДПМНЕ: Каква власт, такво образование, но и катастрофално рангирање на македонските универзитети

„Каква власт, такво образование, но и катастрофално рангирање на македонските универзитети кои ги нема на Шангајската листа“, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште едно потфрлање, Ковачевски е премиер и професор, а нема факултет меѓу 2000 универзитети на Шангајската листа. Каква власт, такво образование, но и катастрофално рангирање на македонските универзитети кои ги нема на Шангајската листа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека ова е уште едно потфрлање на владата на СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски е премиер и професор, а нема факултет од Македонија меѓу 2000 најдобри факултети на Шангајската листа.

„Со СДСМ И ДУИ е пробиено дното во образованието затоа што ниту една високообразовна институција од Македонија не се најде меѓу најдобрите 2000 на новото академско рангирање на универзитетите во Светот. Уште еден „успех“ од серијалот на „Блескаме“ на ненародната власт на СДСМ и ДУИ“, истакнуваат од партијата.

„Додека универзитетите во регионот се борат за место меѓу првите 1000, а некои од нив и меѓу првите 500 универзитети, ние се соочуваме со резултати кои одамна се алармантни, но што е полошо за нивно подобрување не се бори никој од релевантните институции.

Со Владата на Ковачевски македонското образование ниже само порази и е предмет на диктатура и распродажба.

Катастрофалните образовни политики се потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа ненародна и предавничка Влада.

Без инфраструктурни проекти, без повисок стандард на професорите кои се со потпросечни примања, без вложувања во лаборатории и истражувачки центри е високото образование последниве неколку години. Наместо проекти во образованието, досегашните министри, дали од ДУИ или од СДСМ мислат само на по некој наместен тендер на нивни блиски фирми.

Учебници нема, свидетелства нема, ама затоа по диктат и уцени ќе се менуваат учебници во Македонија, ќе се ретушира историјата и ќе се менуваат лекции за историски настани и личности по урнек на бугарските барања“, се вели во соопштението на партијата.