„Срамота, при 10 хирурзи во Битола да ни праќате пациент за катетар во Прилеп“, ги искара битолските колеги специјалист од Ургентно

Специјалистички извештај од прилепската болница стана хит на социјалните мрежи, откако беше споделен советот кој докторот му го напиша на своите колеги од Битола.

За срамота, при 10 хирурзи во Клиничката болница – Битола се праќа пациент во Прилет за поставување на катетар за пациент со ретенција. Крајно време е директорот да си превземи мерки и повеќе да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола го допре дното, вели специјалистот од Ургентното одделение во Прилеп.