Ние сме Македонци, престанете со тоа „Северномакедонци“, реагираат нашинците во Германија

Германската телевизија РТЛ, која ги пренесува средбите од ракометното ЕП 2024 во оваа земја, коментирајќи го мечот Франција – Македонија ги нарекуваше играчите и навивачите како Северномакедонци, што ги налути нашите сонародници кои живеат во Германија, пишува „Екипа“.

Поради ова, македонскиот конзул во Дизелдорф заедно со претседтелот на Советот за интеграција во овој град, Гоце Перовски, испратија остар протест до РТЛ што беше проследен и до останатите медиуми од Германија, да престанат со користење на „Северномакедонци“ за жителите на нашата држава.

Со писмен доказ од Преспанскиот договор, тие потсетуваат дека треба да се користи терминот Македонци за играчите и за навивачите, но и за придавката „Северномакедонски“ што често погрешно се користи во странските држави кога се опишува нашата држава.