Вечерва со почеток во 19.00 часот, видео стрим од промоцијата на романот ‘Водена приказна” на новинарот и публицист Александар Сашко Кукулев

Вечерва со почеток во 19.00 часот, видео стрим од промоцијата на романот ‘Водена приказна” на новинарот и публицист Александар Сашко Кукулев
“Водена приказна” е современа приказна за последиците од граѓанската војна во Грција.
Патрик МекКензи е воен пилот на RHAF кој на осумдесет и пет годишна возраст, веќе испреплетен од канцер, не може да умре поради товарот од напалм истурен врз македонските села во 1948 година.
Нечистата совест го тера на неговото последно патување…селото Русилово (близу Воден) во кое на колена, ќе побара прошка за сите 36 куќи што тој лично ги запали при бомбардирањето.
Ова е приказна за поразот на идеалите на ДАГ и ЕЛАС, за држава во која Македонците и Грците ќе живеат рамноправно.
Граѓанската војна е одамна завршена.
Горчливиот вкус на поразот и тажниот спомен за илјадниците расселени остануваат, оттргнати од заборавит во оваа “Водена приказна”.

Промомоцијата на романот “Водена приказна” ќе се одржи вечерва во 19.00 во салата на Музичкото училиште Тодор Скалоски- Тетоец во Тетово.

Промотори на романот ќе бидат Др Бранислав Светозаревиќ и Професор Ружа Ѓоргеска.
Поканети сте сите вие што сакате да дознаете повеќе за овој дел од поблиската историја на Македонците.