Моника и Таче со конзола ги спасуваат СДСМ и ЛДП од потоп

Додека вчера сите се прашуваа каде е раководството на Коалицијата за европска иднина и редеа шеги за нивното криење во глувчешката дупка по големиот пораз во првиот круг на парламентарните избори, лидерите на СДСМ и ЛДП, инаку носители на листите во ИЕ1, Димитар Ковачевски и Моника Зајкова – играа фудбалче.

Во очаен обид да им се приближат на младите и да покажат „нормалност“ во едно не толку нормално видео тие одговараат на брзи кратки прашања играјќи прејстејш.

Што би рекле младите – кринџ.