Панчо и Андреј ЈА ПРОДАВААТ НАГРАДАТА од „Златна бубамара“ – ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ ЗА ЛЕОНИД

Панчо и Андреј од „ДНК“ и годинава ја ставаат на лицитација добиената статуетка на „Златна бубамара“, а овојпат собраните средства ќе бидат наменети за Леонид Индов.

За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности. Почетната цена на статуетката е 6.000денари но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе. Ги повикувам сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе кои сакаат да ја имаат оваа статуетка во нивните витрини да се приклучат кон лицитацијата, која секогаш ќе ги потсетува за нивното направено хумано дело.

Сопственик на „бубамарата” ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (сумата треба да напишете во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас, во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот последен албум „ДВАЕСЕТ” и двд издание од јубилејниот концерт одржан во арената „Борис Трајковски”, се вели во нивната објава

Од ДНК посочуваат дека лицитацијата ќе се затвори во понеделник во 22ч и тогаш ќе го соопштат новиот сопственик на наградата, а воедно и хуман човек.