Трипуновски: Државната каса за тутунарите е празна, власта ги потроши парите на она магаре кое што го тренираа и на златните чинии и вилушки во Влада

Трипуновски: Николовски призна дека СДСМ не исплаќале субвенции (ФОТО) –  Kurir.mk

„Вчера беше блокадата не регионалниот Кавадарци – Неготино, а таа е резултат на тоа што во моментов не само лозарите, туку и овоштарите од Тиквешијата практично од Росоман, Неготино и Кавадарци се соочуваат со недостаток на вода за полевање. Само за потсетување здружението кое што егзистира на тој регион односно земјоделците од тој регион уште пред десетина дена апелираа до власта дека треба да се пушти водата во каналите односно во системот за наводнување за да можат површините да бидат навремено снабдени со вода. Меѓутоа власта како и по обичај и за сите останати работи во државата така и за оваа круцијална ситуација остана глува односно пумпите и сите системи во Тиквешијата останаа празни. Тоа резултираше со она што вчера се случи со еден протест на кој што нормално бев и јас, секогаш сум бил во првите редови кога се работи за интерес на земјоделците така и вчера“, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Трипуновски додаде дека на почетокот на сезоната на полевање кога е најпотребна водата за земјоделските насади ја нема. Тој потсети дека законскиот рок на АД Водостопанство да ги наполни каналските мрежи со вода е 15-ти април, а денеска е 16-ти мај тоа значи дека повеќе од еден месец се доцни со вода за полевање.

„Хидролошката ситуација во државата на акумулациите на природните и вештачките не е во добра кондиција, а тоа значи дека многу брзо ќе дојде есен, односно зима кога ќе имаме пак сериозен проблем. А, тоа влече последици од минатата година кога нерационално се искористи водата во акумулациите едноставно се произведуваше електрична енергија за одредени проценти профити. А, во втор план односно не се зема во обѕир тоа што ќе ни се случува и со водата која што се користи за полевање и онаа за пиење, но и онаа техничка вода која што се користи ширум државата така да едноставно ова ќе има последици“, истакна Трипуновски.

Трипуновски во текот на емисијата се осврна и на тутунарите, кои што исто така се наоѓаат во тешка состојба поради неспособноста на власта.

„Од власта не можат да соберат храброст и на тутунарите да кажат дека касата е празна. Парите од власта ги потрошија на она магаре кое што го тренираа во Прилеп, на златните чинии и вилушки во Владата, на новите автомобили, и луксузот кој што го користат на државен трошок“, нагласи Трипуновски.

Трипуновски рече дека власта за да ја сокрие својата неспособност ја обвинува опозицијата дека го кочела законот.

„За да биде појасно на сите, субвенциите кои што требаше да се исплатат по завршувањето на откупот на тутун согласно списоците која секоја откупна компанија ги има за земјоделец, име и презиме, количина, класа  и ги испраќа до надлежната институција односно платежната агенција. И платежната агенција ги испраќа до министерството за финансии, и нормално треба да ги исплати средствата. А, она што значи откупна компанија да го плати она што е обврска спрема Управата за јавни приходи за да едноставно бидат растеретени самите земјоделци. И сега власта вели ВМРО-ДПМНЕ и пратениците го кочат законот во Собрание и затоа вие не можете да земете субвенции. Што апсолутно не е точно. Вистина е дека сите земјоделци имаат обврски спрема УЈП по некои други основи, освен она што значи данок на приход по основ на продаден тутун. Меѓутоа овој закон кој што се носи секоја година е за да се ослободат земјоделците евентуално ако имаат некаков долг спрема УЈП, да ги земат субвенциите, па да ги платат давачките. Меѓутоа што е тука круцијално? Со ова што го прави власта сега, министерот и премиерот излегува дека сите тутунари преку 20.000 во државата се луѓе кои што не го почитуваат Законот, кои што не ги плаќаат давачките спрема државата и затоа не можат да земат субвенции“, појасни Трипуновски.

Трипуновски нагласи дека додека министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски користи луксуз на државен трошок, вработените односно целото министерство немаат земено плата. Тој истакна дека жално е што во државава за се треба да има протест, притисок и некаков атак врз власта за власта да се свести и да работат во интерес на граѓаните.