Највисока инфлација во Македонија од 1995 година!

slika_15.05.2022.jpg

Објавата на стапката на инфлација од 10,5% на годишна основа, ги потврди стравувањата дека инфлацијата излезе од контрола.

Касната реакција на носителите на економските политики, недоволната будност на оваа Влада дека треба навремено да се справи со предизвикот на енергетската криза и растот на цените, ѝ донесе на Македонија инфлација каква што не сме имале од 1995 година.

Денес инфлацијата е широко распространета и сите ја чуствуваме! Инфлацијата го јаде животниот стандард на народот.

Неуспешното справување на оваа Влада со инфлацијата може да се согледа во фактот што сличната инфлација од 2008 година никој не ја памети. Тогаш, вистинскиот раст на платите, даночните реформи со кои се зголеми расположливиот доход на населението и фирмите, намалувањето на придонесите и многу други успешни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го задржат животниот стандард на граѓаните и да не ја чуствуваме инфлацијата.

Сега, имаме погубна севкупна маркоекономска политика! Време е за избори!