Мицевски: СДСМ ја прекина седницата за гласање на заемот за општините од Светска банка, ги излажаа граѓаните и нанесоа штета на општините
Да му одговорам на заменик координаторот зошто не знам дали се слушате вие кажувате да се откажат 20 пратеници од дискусии. Па ајде ако не заклученете пак овде па додека не се откажеме не не отклучувајте, му порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Муцевски на денешната собраниска седница на заменик координаторот на владејачкото мозинство Диме Велков.
Мицевски потенцираше дека собранискиот спикер претходно ги заклучил во собранието, а сега заменик координаторот бара од пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од дискусија, укажувајќи дека пратениците од СДСМ ја прекинале седницата за фотоволтаиците лажејќи ги граѓаните дека ќе гласаат за таа точка од дневниот ред.
Дали сте свесни вие во која фаза одите? Едниот не заклучува, а другиот и вика на опозицијата да се откаже од дискусии. Тоа може да го кажете на вашите пратеници, тие да не зборуваат, а не опозицијата дали ќе зборува или нема да зборува за ова и другото законско решение.
Пред два часа вашиот координатор зборуваше цитирам: веќе ви кажав ќе го поддржиме тој закон, еве и сега ви кажувам ќе го поддржиме законот за градоначалниците зашто што граѓаните треба да добијат тоа што предвидува законот и задолжувањето, рече координаторот на СДСМ, сега ќе излезете и ќе им кажете на граѓаните дека не го поддржавте, дека ја прекинавте седницата за задолжувањето, за фотоволтаиците, дека тоа што ги лажете дека ќе го добијат, не го добиваат, праша Мицевски.
Ајде сега извадете вест дека има ја прекинавте седницата на која што има 30 дискутанти и дека ова ќе го продолжиме некогаш понатаму како што го продолжуваме и сите други седници, имаме десет седници отворено со десет точки, вели Мицевски.
Нема редослед на работата не знаете што правите, порача Мицевски.