Драган Ковачки му одржа лекција на Ковачевски за тоа ште е неодговорност!

„Неодговорно е на тој што те поставил да му измислиш и доделиш грант од 1.400.000 ЕВРА и за тоа да не носиш одговорност.

Неодговорно е да ти крадат оружје од полициска станица среде град и никој да не носи одговорност.

Неодговорно е 3 (три) дена да криеш убиство на младо момче, а за тоа никој да не носи одговорност.

Неодговорно е 2 (два) генерални секретари на Влада да ти се замешани во предмети од висока корупција, а никој да не носи одговорност.

Неодговорно е да бараш кредит од 900 милиони евра за да ги задоволиш апетитите на ненаситните за пари и главни во Владата – ДУИ.

Неодговорно е да си ја донесеш државата во ТОП 3 во Европа по корупција.

Неодговорно е да преговараш за македонскиот јазик и идентитет и да коленичиш пред соседите и да си го понижуваш сопствениот народ од кој земаш плата.

Неодговорно е да те понижат во сопствената земја, а ти да се криеш 4 дена и да снимиш видео-соопштение за јавност.

Неодговорно е да си ја дотераш земјата во 4 кризни состојби и за тоа никој да не носи одговорност.

Неодговорно е 1/3 од народот да е на раб од сиромаштија, а да купуваш златен прибор за јадење во Влада.

Неодговорно е кога ќе ти подадат рака за надминување на националната катастрофа да го напаѓаш тој што сака да и’ помогне на државата и да бегаш од средба само за да си ги зачуваш фотелјата и привилегиите.

*Неодговорно е да те наместат за премиер, а да не си излегол на избори“.

#Промени, напиша Ковачки на својот профил.

https://www.facebook.com/DraganKovachki

Постави одговор

Your email address will not be published.