Димовски: Се што лета не се јаде !!! Плодовите на Шарената револуција !!!
Се што лета не се јаде !!!
Плодовите на Шарената револуција !!!
Шарената револуција беше проект за рушење на легитимно избрана власт, со цел:
1. Имплементирање на веќе договорена промена на името на државата.
2. Откажување од историското наследство на македонскиот народ во егејска и пиринска Македонија.
3. Откажување од историското наследство на македонскиот народ до 1945 година во вардарска Македонија.
Покрај тоа како гратис продукти добивме:
1. Редефинирање и поделба на два дела на македонскиот народен идентиет, со согласност од власта.
2. Откажување од пресудата на Меѓународниот суд во Хаг.
3. Откажување од признавањето под уставното име на Република Македонија од околу 140 држави.
4. Имплементација на двојазичност скоро на сите нивоа на државата.
5. Прифаќање на “заедничка историја” со Република Бугарија.
6. Запирање на скоро сите странски директни инвестиции.
7. Дуплирање на јавниот долг.
8. Запирање на сите капитални инвестиции (автопати, болници, клинички центар, факултети, спортски сали,…).
9. Пад на квалитетот на универзитетите за околу 700/800 места на меѓународните скали.
10. Намалување на бројот на вработените во индустријата, а зголемување во државната и јавна администрација.
11. Една од најголемите смртности во светот во време на пандемијата.
12. Издавање на пасоши на белосветски криминалци од највисок ранг.
13. Пад на довербата во судството и обвинителството на 3%, односно 2%.
14. Скоро непостоечки Парламент без ниту една надзорна расправа за контрола над извршната власт.
15. Претседател на држава кој комотно и без грижи одбил интегрирање на Република Македонија во Европската Економска Зона.
16. Држава магнат во производството на марихуана во европски размери.
17. Фонд за иновации, Ковид мерки, закони за поддршка со кои се финансираат компаниите на “своите” луѓе.
18. Држава во која не се одговара за над 70 живи изгорени луѓе.
19. Трговија и киднапирање на пратеници за опстанување на власта.
20. На половина намалено домашно производство на електрична енергија.
21. СЈО како инструмент на власта за политички притисок врз опозицијата и бизнис притисок врз стопанството.
22. Укинати сите мерки за демографска политика.
23. Зголемување на бројот на министерствата, државните институции и воведување на заменици директори во сите јавни претпријатија.
24. Зголемување на даноци, акцизи, придонеси за пензиско, за здравствено осигурување, давачки, трошоци, патарини, пара-фискални трошоци.
25. Изгубена шанса за целосна интеграција во ЕУ во следните 20 години.
Во еден здив толку ми текна, слободно дополнете.
П.С. Сите имаме познаници, пријатели кои мислеа дека прават добро учествувајќи во Шарената револуција. Денес сум сигурен дека знаат дека згрешиле. Е токму тие ја имаат најголемата лична одговорност да помогнат да се сруши оваа власт.
П.П.С. Очигледно имаше причини за рушење на претходната власт, но да бидеме искрени, штетите што новата власт ги направи се многу, многу пати поголеми. Време е да си одат, напиша Димовски.