На денешен ден е роден Ристо Шишков

Risto siskov.jpg

Ристо Шишков (23 март 1940 – 17 јуни 1986)е истакнат македонски филмски и театарски глумец.

Роден е во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле 4 години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата – бегалци. Во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува.

Првите негови актерски искуства ги започнал 1957 година, глумејќи во Народниот театар “Антон Панов” во Струмица. Таму ги одиграл улогите во претставите: “Ноќи на гневот”, “Лажливец” како и “Круг со креда”. Приемен испит полагал во 1958 година на Академијата за театар во Белград.Во 1962 година дипломира на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума. Една од ретките награди која ја добил за време на неговиот престој во Белград, е наградата за улогата во пиесата “Време, огин и човек” во Крагуевац, 1962 година. По двегодишната работа во Југословенскиот драмски театар, Шишков доаѓа во Скопје и станува член на Драмата на Македонскиот Народен Театар. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, повеќе радиодрами.

Неговата судбина, која ја преживеал како дете, прогонето од Егејот, во него всадила инстинкт за праведност и вистина. Не можел да ги премолчи неправдите кон обичниот човек, на сметка на политичките и економските моќници. Во 1979 е обвинет за навреда на српски и хрватски артисти, исто како и на Тито. Обвинет како националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување умира на 17 јуни 1986 година во Скопје,

Погребот на Ристо Шишков е извршен на 19 јуни 1986 и на истиот ден е погребан поглаварот на Македонската Православна Црква – Ангелариј.