Учениците во основните училишта ќе продолжат со носење маски – Владата не ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорача маските да не бидат задолжителни за децата од прво до деветто одделение, откако стана јасно дека состојбата со епидемијата стивнува, односно дека помина последниот бран на ковид-19.

Но од Владата велат дека во текот на денот немало состанок на Главниот координативен Кризен штаб, на кој треба да се разгледува овој предлог и доколку добие зелено светло, потоа да се најде на владина седница. Засега нема најава кога би можело да се случи тоа.