Четиринаесетте рудари кои останаа заробени кога се урна рудникот за јаглен во југозападна Кина пред 10 дена повеќе не се живи, објавија денеска светските медиуми.
Откако окното на рудникот за јаглен Сана Шунсун во провинцијата Гуижоу се урна на 25 февруари, рударите останаа заробени под земја.
Спасувачката операција била полна со предизвици бидејќи окното се урнало на оддалеченост од околу три километри од влезот во рудникот, а областа на уривањето била доста голема, јавуваат медиумите.
Кинеските рудници за јаглен се меѓу најсмртоносните во светот, во нив редовно има експлозии или истекување на гас и покрај преземените безбедносни мерки, пренесуваат медиумите.
Во тек е истрага за причините за оваа несреќа во рудникот за јаглен Сана Шунсун.
Претходна сторија