Конвој со хуманитарна помош подготвен да тргне кон опколениот Мариупол

Пропадна и денешниот обид за евакуација на цивилите од Мариупол, двете страни се обвинуваат

Украинските власти соопштија дека конвојот автобуси за евакуација на жителите на Мариупол ќе го напушти централниот град Запорожје денес.

Официјални лица велат дека колоната се собрала во Запорожје, три часа од Мариупол, пристанишен град со околу 400.000 луѓе.

Олександр Старук, шеф на регионалната воена управа на Запорожжја, рече дека „вчера беше постигнат договор меѓу нашата и другата страна дека денеска ќе има втор обид за хуманитарен коридор надвор од Мариупол. Според договорот додека автобусите што ги евакуираат луѓето излегуваат од Мариупол други автобуси и возила за хуманитарна стока ќе се движат од Запорожје кон Мариупол“.

„Треба да прифатиме група луѓе од Мариупол во Запорожје да ги сместиме и да обезбедиме помош, да евакуираме некои од нив понатаму во Украина“, рече Старук.

Андриј Игнатов, претставник на градскиот совет на Мариупол, рече дека насилството продолжило денес во и околу Мариупол.

„Градската управа на Мариупол работи на добивање на зелениот коридор, нашата влада работи на сите нивоа, па да се надеваме дека денес целиот конвој ќе успее. Затоа што ние вчера се подготвувавме да го направиме тоа, но за жал нашиот противник не ни дозволија да ги евакуираме луѓето, иако луѓето веќе беа во редови подготвени за евакуација. Се надевам дека денес ќе имаме оддишка што ќе ни овозможи да ги евакуираме цивилите“.