И Македонија на списокот на непријателски земји – Русија го објави списокот!

„Владата одобрила листа од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана“, се наведува во соопштението на прес-службата на Владата на Руската Федерација.

Листата ја вклучуваат Австралија, Андора, Албанија, Велика Британија, земјите членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Македонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија и Јапонија.

Претседателот на Русија во саботата потпиша указ според кој руската влада во рок од два дена треба да утврди список на земји кои преземаат непријателски акции против Русија.