Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако било каков обид за преговори не успее, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји ќе доведе до Трета светска војна.
„Подготвен сум да преговарам со него. Спремен сум веќе две години. И јас не мислам дека можеме да ја завршиме оваа војна без преговори“, рече Зеленски во интервју денес.
Како што истакна, доколку има само 1% шанса да се запре оваа војна, тој смета дека оваа шанса треба да се искористи.
„Мораме да го направиме тоа. Секојдневно губиме луѓе, невини луѓе на теренот“, рече тој.
„Руските сили дојдоа да не истребат, да не убијат. И можеме да покажеме дека нашиот народ и нашата армија се достоинствени и дека сме способни да зададеме силен удар и можеме да возвратиме“, рече тој.
Но, за жал, како што додава, тоа достоинство нема да спаси животи.
„Значи, мислам дека треба да искористиме кој било формат, секоја шанса да имаме можност да преговараме, можност да разговараме со Путин. Но, ако овие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е Трета светска војна, заклучи украинскиот лидер.