Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса, стратешки важен пристанишен град на украинскиот брег на Црното Море.
„Руските луѓе секогаш доаѓаа во Одеса и знаеја само топлина и дарежливост и што е сега? Артилерија, бомби против Одеса. Ова ќе биде воено злосторство. Ова ќе биде историско злосторство“, рече Зеленски во емитуваното обраќање на Фејсбук.
Преминувајќи од украинскиот јазик на руски, Зеленски апелираше до рускиот народ да направи избор „помеѓу живот и ропство“.
„Луѓе на Русија… ова е време кога сè уште можете да го победите злото“, рече тој.
„Ние сме Украинци. Ни треба мир. Сакаме мир. И за руските граѓани тоа не е само борба за мир во Украина, туку и за вашиот мир и за вашата слобода. Порано го гледавте. Го знаевте просперитетот…Ако сега молчите, тогаш наместо вас ќе зборува само вашата сиромаштија“, продолжи Зеленски.