Во центарот на Киев е убиен член на делегацијата од првата рунда преговори меѓу Русија и Украина

Полиција Украјине - Sputnik Србија, 1920, 05.03.2022

Убиен е член на тимот на украинската делегација што учествуваше во првата рунда преговори меѓу Русија и Украина, изјави членот на украинската Врховна Рада, Александар Дубински.
Како што рече, тој бил убиен при апсењето од страна на украинската служба за безбедност.
Подоцна таа информација ја потврди и украинскиот весник „Обозреватељ“.
Во меѓувреме се огласи и украинскиот блогер Анатолиј Шариј, кој рече дека тоа се случило во центарот на Киев пукајќи му во главата.
„Убиен е преговарачот од првата рунда преговори. И го убија во центарот на Киев, со истрел во главата, во близина на судот во Печерск“, напиша тој на Твитер.