Атанасовска: Никако да се излезе од кризата која се повеќе се наметнува и продлабочува од ден на ден

Можно е да е слика од еден или повеќемина

Меѓу говорниците кои испратија силни пораки денес на протестниот марш во Штип организиран од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ беше и членот на ИК на Унијата за жени на ВМРО-ДПМНЕ Весна Атанасовска која пренесе едно обраќање на една нејзина сограѓанка Рајна Стојанова од здружението „Креација 2009„ која од оправдани причини не беше присутна на маршот, а која порача дека никако не можеме да излеземе од кризата која се повеќе се продлабочува од ден на ден а вистинската поддршка за преживување граѓаните не ја гледаат ни од далеку, потенцирајќи дека власта изрецитира многу мерки но со ништо не го подобри животот на населението.

-Никако да се излезе од кризата која се повеќе се наметнува и продлабочува од ден на ден. Ниту од далеку не ја гледаме вистинската поддршка за преживување во услови на криза. Многу мерки понудени, изрецитирани од страна на власта но со ништо не го подобрија животот на граѓаните. За понудените мерки, голем дел од женското претприемништво како и малите микро фирми, сезонските дејности, не ги исполнуваат условите за аплицирање за помош бидејќи условот за да нема намалување на бројот на вработени е тешко да се исполни.  Секој ден затворени се повеќе мали фирми а малите дуќани скоро и да не постојат, стои во обраќањето на Стојанова која го пренесе Атанасовска.

Стојанова во нејзиното обраќање пренесено од Атанасовска вели дека е неопходно да вратиме со барање за зајакнати и специфични мерки за заздравување од оваа криза.

-Неопходно е да се вратиме со барање за зајакнати и специфични мерки за заздравување од оваа криза, подобри можности и обуки и посебни фондови за поддршка. Но, неопходна е голема поддршка за ускладување на работните и семејните услови како важни за еден нормален живот, порача Стојанова во нејзиното обраќање кое го пренесе членот на Извршниот комитет на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Весна Атанасовска.