Трипуновски: Лошото менаџирање на Николовски со земјоделците ја доведе Македонија до ситуација да моли за пченица и пченка

Македонија нема стокови резерви на пченка и пченица  

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ги разоткри лагите на владата на СДСМ дека Македонија има залихи на пченка и пченица.  

Лошото менаџирање на Љупчо Николовски и СДСМ со секторот земјоделие ја доведе Македонија до ситуација да се моли во соседна Србија за 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за да ги надополнат стоковите резерви.  

Ако се земе фактот дека потребите од пченица на нашата мелничко-пекарската индустрија и се потребни окулу 300 000 тони годишно одн. 25 000 тони/месечно согласно изјавите на министерството за залиха кај кај домашните млинови имаме пченица за окулу 2 месеци и нема да бидат доволни до новата жетва!  

Дополнително ако знаеме дека од година во година имаме се помалку засеани површини под пченица и оваа година полињата со жито ќе останат без пролетната прихрана поради скапите вештачки ѓубрива ќе значи и драстично намален принос.  

Ова значи дека ако не се прземат итни мерки ќе имаме сериозен проблем со задоволување на годишните потреби од брашно што би значело нов ценовен шок и голем удар по семејниот буџет!  

Наместо да се фатат за работа и да изнајдат решенија да ги стимулираат земјоделците да ги искористат во целост сите македонските капацитети за производство на пченка и пченица, тие своите мандати ги искористија и сè уште ги користат за лаги и манипулации со македонските земјоделци додека македонските полиња стојат не посеани.  

Затоа предлагаме:

Државата да се откаже од сите давачки за набавка на вештачки ѓубрива и репроматеријали.

Обезбедување на безкаматни кредитни линии за земјоделците

Намалување на акцизата за горивата за 50%

Линк од фејсбук статус:

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/498139498546485

Постави одговор

Your email address will not be published.