Повисоките цени на горива, социјален удар и грабеж на Ковачевски и владата кон народот, итно државата да ја преполови акцизата за горива

Ковид-19 втурна 25 илјади лица во релативна и уште 100 илјади во апсолутна  сиромаштија - Независен Весник

Новите повисоки цени на горива се поради неспособната влада која уште пред 4 месеци знаела за агресијата во Украина и ценовниот шок кој надоаѓа. Неспособната влада не презема ништо за да спречи удар врз граѓаните.


Нов ценовен шок за граѓаните, власта на СДСМ и пиунот Ковачевски повторно удри директно по џебот на граѓаните. Од денес граѓаните плаќаат по 10 денари повеќе за 1 литар нафта, само заради неспособноста на СДСМ и Ковачевски.

Неодговорната власт на Ковачевски е само нем посматрач на случувањата, наместо да преземат конкретни мерки.

Со новото покачување на нафтените деривати се нарушува и животниот стандард на граѓаните, кое исто така ќе се пренесе и со покачување на сите крајни производи кои ги користат граѓаните. Покачување на дизелот за 10 денари и на бензините за 5.5 денари по литар ќе се зголемат и цените во транспортот на патници, стоки и услуги.

Ова ново покачување на нафтените деривати ќе предизвика и нови отпуштања на работници и затворања на мали и средни бизниси.

Наместо власта на СДСМ навремено да превенира и да ги заштити граѓаните од нови ценовни шокови, направи хаос изминативе неколку дена пред бензинските пумпи.

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката група во Собранието предложи намалување за 50% на акцизите на нафтените деривати. Овој предлог беше отфрлен од СДСМ и ДУИ. Потребно е веднаш да се прифати овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ и да се спречи поголеми ценовни шокови.

Мора да се стави крај на ова неодговорно владеење на СДСМ и ДУИ, за тоа се потребни брзи предвремени парламентарни избори. 

Постави одговор

Your email address will not be published.